Радио Марија учествуваше на божиќниот базар на Каритас

Радио Марија учествуваше на божиќниот базар на Каритас

Во неделата на 12 декември 2021 година Радио Марија Македонија учествуваше на традиционалниот Божиќен саем кој се одржа во дворот на катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, во организација на Македонски Каритас и скопската парохија Пресвето Срце Исусово.

Посетителите на божиќниот базар имаа можност да се запознаат со активностите на радиото, мисијата, како и со начините на кои можат да ја поддржат работата на радиото.

„Активностите кои се одвиваат за време на адвент – исчекување меѓу кои е и Божиќниот саем претставува живеење на христијанството со љубов во вистинска смисла на зборот. Господ вели: “Дарувајте од она што на вас ви е дарувано”. Ете тоа го направивме и на овогодинешниот Божиќен саем.  Имаше голем интерес за учество на истиот. Се воодушевив од раздвиженоста, смеата и среќата на децата кои беа присутни на саемот. Она што уште повеќе му даде значење на исчекување на радосниот празник Божиќ беше и пеењето на хорот за време на одржувањето на Божиќниот саем кој звучеше како да пее ангелски хор. Се чувствуваше духот на љубов, радост и заедништво за да се направи уште некое добро. Се чувствувеше Божиќ“- рече Јадрнка Чадиновска член на Здружението на Радио Марија и волонтер, споделувајќи го своето искуство за присуството на традиционалниот Божиќен саем на штадот на Радио Марија.

Categories: Настани

About Author