Радио Марија Македонија дел од молитвената иницијатива „Со Марија низ адвент“

Радио Марија Македонија дел од молитвената иницијатива „Со Марија низ адвент“

Инспирирани од глобалната иницијатива на Светското семејство на Радио Марија, Духовно патување „Твојот народ на пат“, Радио Марија Македонија, Радио Марија во Босна и Херцеговина, Радио Марија Словачка, Радио Марија Србија и Радио Марија Хрватска во времето на Божиќниот пост се поврзаа во молитвена инцијатива насловена „Со Марија низ адвент“.

Целта на оваа молитвена иницијатива е со заедничка молитва бројаница на Божјото милосрдие во ова милосно време, во кое сме повикани на молитва и будност, да се поврзиме и да ја разубавиме молитвата молејќи и „будни“ да го очекуваме раѓањето на Спасителот.

Во петок на 17 декември 2021 година, во 15.00 часот продолжуваме да молиме со радио станиците – Хрватска, Словачка, Србија и Босна и Херцеговина света Бројаница на Божјото милосрдие.

Молитвената иницијатива предвидува заедничка молитва Бројаница на Божјото милосрдие на 3, 10 и 17 декември 2021 година во 15 часот и заедничка молитва во четврток на 23 декември во 15.00 часот. Бидете дел од ова молитвено заедништво.

Categories: Настани

About Author