Претпоследната недела од месец декември, емисијата Слово за Бога ќе ја води отец Оливер Тантушев

Претпоследната недела од месец декември, емисијата Слово за Бога ќе ја води отец Оливер Тантушев

Претпоследната недела од месец декември, емисијата Слово за Бога ќе ја води отец Оливер Тантушев парох во парохијата „Свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт“ – Охрид. Термините резервирани за емисијата Слово за Бога се 10.30 часот премиeрно издание, во 21.30 часот и во 04.00 часот репризно издание, од понеделник до сабота.

Во свое размислување подготвено за првата емисија Слово за Бога, која се емитува во понеделник во 10.30 часот премиерно и во 21.30 часот репризно зборува како вистински да се подготовиме за Рождеството Христово.

Во вторник, на 21 декември 2021 година во термините 10.30 часот и 21.30 часот отец Тантушев своето 30 минутно излагање го посветува на темата за крајот на светот.

За болките, страданијата и смртта како составен дел од животот ќе имате можност да слушате во среда, на 22 декември 2021 година во истиот термин.

На темата Исус Христос – Леб на животот отец Оливер зборува во четврток, во петок објаснува што е милоста Божја?

На 25 декември 2021 година кога го славиме Рождеството Христово според грегоријанскиот календар, отец Тантушев ќе ни ја доближи големината на празникот Божиќ.

Отец Оливер ги придружува слушателите и во емисијата „Не живее човек само од леб“ во која го толкува светото Евангелие за 27 недела по Духовден; во сабота на 25 декември 2021 година во 20.30 часот и во недела на 26 декември 2021 година во 00.40 часот, 08.00 часот и 20.30 часот ќе имате можност да ја проследите неделната проповед на отец Оливер Тантушев.

На фрекенцијата 106,5ФМ за Струмица следете ги вашите омилени емисии, или преку интернет страницата www.radiomarija.mk, може да нè следите и преку апликацијата Радио Марија Македонија, која може бесплатно да ја преземете во Play Store.

Categories: Настани

About Author