Здружение

Back to homepage

Во Македонија Здружението Радио Марија Македонија е основано во 2012 година, со седиште во Скопје, заради остварување на цели поврзани со звучната радиодифузија за пренесување на евангелската порака на радоста и надежта за сите луѓе со добра волја.

Основна дејност на здружението е емитување на радио програма. Со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко скопски епарх, радиото започнува да емитува 24 часовна програма на 8 декември 2014 гoдина како интернет радио и може да се слуша на www.radiomarija.mk.

На 8 јануари 2019 година, Здружението Радио Марија Македонија ја основа Непрофитната радиодифузна установа РАДИО МАРИЈА – БЛАГОВЕСТ со седиште во Струмица, која на 16 ноември 2018 година ја доби дозволата за радио емитување на локално ниво, на фреквенцијата 106,5ФМ на подрачјето на општина Струмица. Емитување на програма преку фреквенцијата за прв пат е остварено на 14 мај 2019 година. Главното студио на Непрофитната радиодифузна установа РАДИО МАРИЈА – БЛАГОВЕСТ е во Струмица.

Радио Марија Македонија е член на Светското семејство на Радио Марија со седиште во Италија.