Радио Марија Македонија дел од глобалната инцијатива „Твојот народ на пат“

Радио Марија Македонија дел од глобалната инцијатива „Твојот народ на пат“

Во неделата на 12 декември 2021 година, на празникот Пресвета Богородица од Гвадалупе, Радио Марија Македонија ја пренесуваше молитвата света Бројаница од базиликата „Пресвета Богородица Гвадалупска“ во Мексико.

Молитвата света Бројаница во која учествуваа сите станици на Радио Марија во светот, беше во склоп на глобалната иницијатива на Светското семејство на Радио Марија Духовно поклонение „Твојот народ на пат“.

Имено, Светското семејство на Радио Марија ја поттикна иницијативата „Твојот народ на пат“, сакајќи да испрати силна порака во 2021 година вдахновена од повикот на Богородица за пост, молитва и правење добри дела.

Во рамки на тоа духовно патување молитвата света Бројаница се пренесуваше од  Назарет/Израел;Фатима/Португалија; Меѓугорје/Босна и Херцеговина; Гора Кармил/Израел; Помпеја/Италија; од Кибехо/Руанда; и од светилиштето на Пресвета Богородица од Гвадалупе во Мексико.

Глобалната инцијатива духовно поклонение „Твојот народ на пат“, освен молитвата света Бројаница која се одржа во седумте поклонички места, опфаќаше и денови на пост и молитва секој прв петок во месецот (5 февруари до 3 декември 2021 година), како и денови на споделување и солидарност: Во мај – Маријатон 2021.

Categories: Настани

About Author