Порака од уредникот за Маријатон 2021

Порака од уредникот за Маријатон 2021

Почитувани слушатели, донатори, волонтери и поддржувачи на Радио Марија,

Се наоѓаме во месец мај, најубавиот месец од годината, кој Црквата го посветува токму на заштитничката на нашето радио, Пресвета Богородица. Ставајќи се под нејзиниот покров и заштита, Радио Марија токму во овој месен ја организира иницијативата Маријатон, која и има за цел собирање финансиски средства за потребите на радиото.

Оваа година иницијативата се организира со слоганот „Сведоци на надежта“. Ние христијаните сме повикани, имаме должност и послание, во ова време на здравствена криза да ја пренесме надежта на луѓето. Токму ние треба да бидеме носители на надежта, затоа што знаеме дека Бог и Пресвета Богородица постојано бдеат над својот народ, а нивната присутност посебно се чувствува во моментите на криза. Тоа да го посведочиме на сите, да ја вратиме надежта во домовите и семејствата и да гледаме со радост во иднината.

За да можеме да го оствариме тоа потребни ни сте вие, потребни се вашите молитви, вашата волонтерска ангажираност во радиото, потребни ни се вашите вклучени радиоприемници, потребна ни е и вашата финансиска поддршка, преку која ќе можеме да го одржиме квалитетот на програмата.  Затоа ве повикувам да ја поддржите работата на радиото и на тој начин да бидеме сведоци на надежта.

Доколку се одлучите финансиски да ја подржите работата на радиото, вашата донација можете да ја уплатите електорнски преку нашата интернетска страница www.radiomarija.mk/doniraj/, исто така може да се информирате и за останатите начини за поддршка на радиото.

Господ Бог вашите земски дарови нека ги умножи во небесни. Место материјални, нека ви дарува духовни, а Пресвета Богородица нека измоли за вас и вашето семејство изобилни милости.

о. Гоце Костов,

директор на Радио Марија

Categories: Настани

About Author