Донирај најмногу и добиј икона

Донирај најмногу и добиј икона

За потребите на Маријатон 2021 година Радио Марија доби подарок икона со Христос.

Иконата ќе ја добие лицето кое за време на Маријатон 2021 година, од сабота 22 мај од 9,30 часот до недела 23 мај до 20.00 часот ќе уплати од една платежна картичка најголема донација. Линк за донација https://radiomarija.mk/doniraj/.

На Фејбук профилот на Радио Марија ќе бидете редовно известувани за моментално највисоката донација.

Името на добитникот ќе биде објавено во недела 23 мај 2021 година после 20,00 часот.

Иконата е изработена од уметникот Ѕвонко Ангеловски од Струмица со акрилни бои на медијапан, рачно сликана, со димензии 50*40 сантиметри.

Најголемиот донатор иконата ќе може да ја подигне од вторник 25 мај 2021 година од просториите на Радио Марија во Струмица. За подетални информации обратете се на телефонскиот број 076 519 272.

Categories: Настани

About Author