Почина основачот на Радио Марија Емануеле Ферарио

Почина основачот на Радио Марија Емануеле Ферарио

Емануеле Ферарио основач и почесен претседател на Радио Марија почина на 8 јули во 89 година од животот.

Италијанскиот претприемач Емануеле Ферарио го основа во 1998 година Светското семејство на Радио Марија со седиште во Кома. Таму петнаесет години порано било создадено првото локално Радио Марија. Ферарио со основањето на Светското семејство сакал да ги поврзи Радио Марија кои во меѓувреме се отвориле во целиот свет и воедно да одговори на повикот на папата Иван Павле II на нова евангелизација.

Ферарио до 2015 година бил претседател на Светското семејство на Радио Марија, а од тогаш се до смртта 8 јули бил почесен претседател.

„Господинот Емануеле Ферарио секогаш имаше разбирање и отворено срце за потребите на Радио Марија во Македонија. Тесно беше многу поврзан со потребите на Црквата, секогаш беше подготвен за нови предизвици, благодарение на него и но и на други чимбеници, Радио Марија во Струмица стана реалност. Од тука искрено му благодариме на ова дело во нашите краишта и го препорачуваме во вашите молитви. Му благодариме на Господ што Македонија имаше ваков пријател – изјави директорот на Радио Марија Благовест, о. Гоце Костов.

Categories: Настани

About Author