Довидување, драг Ферарио

Довидување, драг Ферарио

Драг Ферарио, поради вас денес се чувствуваме посилни од било кога, денес Радио Марија Македонија Ви искажува едно големо БЛАГОДАРАМ за сѐ што направивте христијанскиот глас да допре насекаде. Горди сме што ве имавме!

По повод смртта на г-днин Емануеле Ферарио и погребот на 11 јули, денес на програмата на Радио Марија во 14.30 ќе започнеме со Света Бројаница за душата на основачот на Светското семејство на Радио Марија, а веднаш потоа следува светата Литургија. Со тоа се придружуваме во молитвите со останатите станици на Радио Марија, кое е присутно во 81 земји од светот.

Во склоп на програмата ќе можете да го слушнете животниот пат на г-дин Ферарио, а по светата Литургија ќе го пренесме обраќањето на претседателот на Светското семејство г-дин Викарди.

Придружете ни се на молитвите и бидете дел од големото семејство на Радио Марија – христијански глас во твојот дом.

Радио Марија може да слушате на следниот начин:

Радио Марија во Струмица на фреквенцијата 106,50 ФМНа интернет www.radiomarija.mk

Мобилна апликација Radio Marija Makedonija

Categories: Настани

About Author