Генералниот директор на Реновабис професор д-р отец Томас Шварц во посета на Радио Марија

Генералниот директор на Реновабис професор д-р отец Томас Шварц во посета на Радио Марија

Во петок 21 јули 2023 година Радио Марија во Струмица го посети генералниот директор на Реновабис професор д-р отец Томас Шварц, и г-дин Мартин Ленц, придружувани од директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов и координаторот на Македонски Каритас г-дин Спасе Спасов.
Во пријатна и срдечна атмосфера о. Гоце Костов, директор на Радио Марија ги запозна гостите со работата радиото, условите за работа, програмската шема, како и за важноста на медиумите и нивната улога за доброто на општеството.
Во оваа прилика директорот на Радио Марија направи разговор со генералниот директор на Реновабис професор д-р отец Томас Шварц, кој наскоро ќе биде емитуван на на Радио Марија.
Гостите исто така ја посетија и парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крсител“ во Струмица и беа запознати со пасторалната работа на парохијата.

Categories: Настани

About Author