Генералната секретарка на Каритас Европа Марија Ниман во посета на Радио Марија

Генералната секретарка на Каритас Европа Марија Ниман во посета на Радио Марија

Во среда 19 јули 2023 година Радио Марија директорот на Радио Марија отец гоце Костов ја прими генералната секретарка на Каритас Европа Марија Ниман, која беше придружувана од Алесандро Кадорин, претставник на Каритас Италија, директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов и координаторот на Македонски Каритас г-дин Спасе Спасов.

Директорот на Радио Марија отец Гоце Костов ги запозна гостите со тековните активности на радиото, програмската шема, предизвиците, како и користењето на новите технологии. Посебно ја истакна важноста на медиумите и нивната улога за доброто на општеството.

Во оваа прилика директорот на Радио Марија направи разговор со генералната секретарка на Каритас Европа Марија Ниман, кој е емитуван на Радио Марија.

Гостите исто така ја посетија и парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крсител“ во Струмица и беа запознати со пасторалната работа на парохијата.

Categories: Настани

About Author