Настани

Ходочастие во Меѓугорје

Објавено од Радио Марија

Од 25 до 28 мај 2023 година Радио Марија Македонија организираше ходочастие во Меѓугорје, Босна и Херцеговина, а го предводеше о. Гоце Костов, парох и директор на Радио Марија. На ходочастието учество зедоа верници од Струмица, Радово, Нова Маала и Радовиш.

Поклонението започнаа со молитва во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица.

За време на престојот во ова богородично ходочасничко место верниците беа на Крстнииот пат поставен на Крижевац. Додека се искачуваа по стрмните патеки на Крстниот пат, поклониците размислуваа за постојките од него и молеа света Бројаница, во која ги вклучија молитвените накани на сите оние што се препорачаа.

На местото Подбрдо поклониците молеа Света Бројаница. При учеството на попладневната програма наменета за ходочасниците, верниците ја искористија можноста за Исповед.

к.мк

About the author

Радио Марија