Настани

Директорот на Радио Марија присуствуваше на отворањето на „Деновите на медиумската писменост

На 28 октомври 2024 година директорот на Радио Марија отец Гоце Костов во Музејот на македонска борба присуствуваше на отворањето на „Деновите на медиумската писменост“, кои оваа година се реализираат на тема „Политики за медиумска писменост во ерата нa вештачката интелегенција“.

На прес конференцијата директорот на АВМУ д-р Зоран Трајчевски, посочи дека „Деновите на медиумска писменост се најзначајниот национален настан за мобилизирање на граѓаните, граѓанските организации, образовните установи, медиумите и државните институции, како и за подигање на нивната свест за важноста на медиумската писменост. Фокусот оваа година е на вештачката интелигенција, која е веќе толку присутна, што сметавме дека неизоставно мора малку подлабоко да продискутираме за неа“.

Од 28 октомври до 4 ноември, во организација на Мрежата на медиумска писменост и нивни поддржувачи, ќе организираат 22 настани на различни локации низ целата држава.

 

About the author

Радио Марија

Leave a Comment