Распоред на богослужбите за Великата седмица со бискупот Стојанов во Скопје

Распоред на богослужбите за Великата седмица со бискупот Стојанов во Скопје

Литургиските славења за време на Великата седмица во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ќе ги предводи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх. Заради пандемијата КОВИД – 19 сите литургиски славења и обреди ќе бидат без присуство на верници во катедралата.

Сите богослужби ќе може да се следат преку интернет страницата на Радио Марија (www.radiomarija.mk) и Facebook профилите на Радио Марија Македонија, Католици.мк и Католичка катедрала Скопје. Воскресното бдение во сабата вечер ќе биде пренесувано и преку Македонската телевизија.

Во продолжение распоредот на богослужбите во Великата седмица.

Велики Четврток, 9 април 2020 година

17.00 -Света Миса – Вечера Господова

Велики Петок, 10 април 2020 година

15.30– Крстен пат

17.00 – Обред за Страданието Господово

Велика сабота, 11 април 202 година

21.00 – Света Миса – Воскресно бдение (пренос на МРТВ)

НеделаВоскресение Господов 12. април 2020 година

10.30 – Света Миса

к.мк

Categories: Настани

About Author