Едукативна емисија за деца која придонесува уште од детството, да се научи да се пронајде радоста во сѐ, дури и во секојдневните работи, со кои е исполнет секој ден и да се благодари за сѐ, дури и за најмалите подароци кои Бог ни ги дава. Преку слушање на извадоци од романи и раскази за животот и авантурите на нивните врсници – да се обиде да се едуцираат помалите/децата. Зависно од потребата во емисијата ќе има можност да бидат поканети одредени гости или да се овозможи телефонски јавувања.
Емисијата ја уредува и води Викторија Николовска
Премиерно издание: Понеделник, Среда, Петок во 19:00 часот