Настани

Света Литургија за покојниот Емануеле Ферарио

Објавено од Радио Марија

На 11 јули 2020 година во просториите на Радио Марија се служеше света Литургија по повод смртта на основачот на Светското семејство Радио Марија г-дин Емануеле Ферарио. Светата Литургија ја служеше о. Гоце Костов, директор на Радио Марија во Македонија, а на неа поради здравствените мерки присуствуваа само вработените во радиото

Пред светата Литургија се молеше света Бројаница, а потоа на слушателите им беше претставен животниот пат на Емануеле Ферарио. Кон крајот на светата Литургијата о. Гоце Костов го прочита обраќањето на претседателот на Светското семејство г-дин Виторио Викарди, во име на директорите, претседателите, волонтерите и слушателите на Радио Марија извлекувајќи една од најсакани фрази на г-дин Ферарио, кои го правеа препознатлив, а тоа е: Насекаде каде има човечка душа треба да има и Радио Марија.

Со овој молитвен дел Радио Марија се придружи на останатите радио станици обединети под брендот Радио Марија, кои во исто време молеа за душата на покојниот основател.

Ти благодариме Емануеле, што одговори на повикот и го разнесе Радио Марија светот.

About the author

Радио Марија