Настани

Првиот секретар на Италијанската амбасада во посета на Радио Марија

Објавено од Радио Марија

Во недела 6 март 2022 година директорот на Радио Марија о. Гоце Костов во просториите на радиото во Струмица го прими во посета д-р Марио де Роза, Прв секретар и заменик шеф на мисијата на Италијанската амбасада во Македонија, придружуван од г-ѓа Дафина Пандева.

Во пријатна и срдечна атмосфера о. Гоце Костов го запозна д-р Марио де Роза со работата на Радио Марија на овие простори, условите за работа, програмската шема, како и за важноста на медиумите и нивната улога за доброто на општеството.

Од своја страна заменик шефот на мисијата на Италијанската амбасада во Македонија г-дин д-р Марио де Роза зборуваше за активностите на Италијанската амбасада во Македонија, со посебен акцент на Струмица.

На средбата стана збор за можностите за продлабочување на соработката во иднина.

Д-р Марио де Роза, ја посети и парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.

About the author

Радио Марија