Во петок 11 декември 2020 година Радио Марија повикува на пост и молитва. Молитвената иницијативата е со благослов на епископот монс. д-р Киро Стојанов, кој воедно ќе ја предводи Светата Бројаница во 19.45 часот.
Драги слушатели, Радио Марија Ве повикува во петок 11 декември 2020 година да се приклучите на иницијативата „Ден за молитва и пост“ за престанок на пандемијата КОВИД – 19.
Во тешките моменти во историјата Црквата и верниците пристапувале на пост и молитва. Па така и ние драги слушатели во петок 11 декември 2020 година ќе упатиме молитви до Господ Исус Христос и Пресвета Богородица, посветувајќи ги за запирање на пандемијата со КОВИД – 19.
Покрај вашата лична молитва Ве повикуваме да се приклучите на следниве наши молитвени програми:
15.00 часот – Бројаница на Божјото милосрдие
17.30 часот – Света Бројаница
18.00 часот – Света Литургија
19.45 часот – Света Бројаница со епископот монс. д-р Киро Стојанов
Господ Бог нека ги услиши нашите молитви.