Со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на празникот Духовден, 16 јуни 2019 година започна официјално со работа Радио Марија во Струмица. Претходно во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица епископот Стојанов во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија служеше света Литургија.
Во своето прво обраќање до слушателите епископот Стојанов истакна: Главна цел на оваа радио е Божјото слово во секоја куќа. На овој начин навестувањето на спасението доаѓа и до болните и немоќните и до оние кои Бога го познаваат, но и до оние кои Бога искрено го бараат.
Непрофитното Радио Марија Македонија емитува 24 часовна програма на фрекфенцијата FM 106,5 MHz. Покрај фреквенцијата радиото може да се слуша и на андроид апликација на Радио Марија Македонија, како и н а интернет страницата https://www.radiomarija.mk. Концептот на програмата е соствена од три дела: Молитва, катехизација и теми од секојдневието, посебно од полето на образованието, културата, традицијата.
Leave a Comment