Папата Фрањо упати писмо до верниците за месецот мај, кој е посветен на Богородица, повика на молитав во бробата против корона вирусот и препорача две молитви, кои би можеле да се измолат на крајот од Светата Бројаница
Драги браќа и сестри,
Се ближи месец мај во кој Божјиот народ посебно силно ја искажува својата љубов и побожност кон Блажена Дева Мраија. Традиционално во тој месец се моли Света Бројаница дома, во семејствата. Ограничувањата наметнати поради пандемијата „не присилуваат“ повеќе да го цениме тој семеен видик на Светата Бројаница, па и во поглед на духовноста.
Затоа сакам на сите да ви предложам повторно да ја откриете убавината на молење бројаница дома во месец мај. Тоа може да се направи заедно или пак поединечно; вие сами одлучете според сопствените услови, вреднувајќи ги двете можности. Во секоја од нив стои тајната на таа молитва, а тоа е едноставноста. Лесно е, па и на интернет, да се пронајдат добри обрасци кои ќе може да ги следите при молитвата.
Покрај тоа ви нудам две молитви до Мајка Божја, кои може да ги измолите на крајот од бројаницата, а кои и јас лично, во духовно единство со сите вас, ќе ги молам во месец мај. Ги приложувам кон ова писмо, како би биле достапни до сите.
Драги браќа и сестри, заедничкото размислување на Христовото лице со срцето на Марија, нашата Мајка уште повеќе ќе нè обедини во духовно семејство и ќе ни помогне да го надминеме искушението. Јас ќе молам за вас, посебно за оние кои најмногу страдаат, а вас ве молам, молете се за мене. Благодарам на сите вас и срдечно ве благословувам.
Во Рим, од Свети Иван Латерански, 25 април 2020 година,
На празникот свети Марко, евангелист
Фрањо
Прва молитва
О Маријо,
на нашето патување
ти постојано блескаш
како знак на спасение и надеж.
Се доверуваме на тебе, Здравје на болните,
која под крстот беше придружена на Исусовите болки,
останувајќи постојана во својата вера.
Ти, Најверна застапничке наша,
знаеш што ни е потребно,
сигурно дека,
како некогаш во Кана Глаилејска,
ќе провидиш после овој час на искушение да се врати радоста и славењето
Помогни ни, Мајко на Божјата љубов,
да се сообрази со волјата на Отецот
и да правиме она што ни го вели Исус,
кој врз себе ги зема нашите страдања
и го презема теретот на нашите болки
и преку крстот да нè доведе
до радоста на Воскресението. Амин.
Под твоја заштита прибегнуваме Пресвета Богородица,
не отфрлај ги молбите за потребите наши,
туку ослободувај нè секогаш од секакво зло.
Девице славна и благословена.
Втора молитва
Под твоја заштита прибегнуваме, Пресвета Богородица.
Во овие мачни околности, обременети со страдања и вознемиреност,
кои го опфатија светот,
прибегнуваме кон тебе, Мајко Божјо и Мајко наша,
и под твојата заштита бараме прибежиште.
Девице, Маријо,
сврти ги своите милостиви очи кон нас во оваа раширена зараза,
охрабри ги исплашените и ожалостените,
кои ги оплакуваат своите сакани кои умреле
и кои се закопани на начин кој ја ранува душата.
Биди на помош на сите кои се опфатени од вознемиреност поради болните
на кои, за да се спречи ширењето на болеста, не можат да им бидат близу.
врати ја довербата на оние кои се во страв за неизвесната иднина,
за работата и за последиците во економијата.
Мајко Божјо и Мајко наша, моли го Бога за нас, Отецот на милосрдието,
да заврши ова тешко искушение
и повторно да ни осамне надежта и мирот.
Како некогаш во Кана, застапувај се кај својот Божествен Син,
и измоли да ги утеши семејствата на болните и умрените,
и нивните срца отвори ги на дарот на доверба.
Заштити ги лекарите, медицинските сестри и сите вработени во здравството,
Доброволците кои во овие времиња на голема и итна потреба
се во директна опасност
и ги изложуваат своите животи во опасност како би спасиле други.
Прати ги нивните неустрашливи напори
и подари им сила, добронамерност и здравје.
Биди со оние кои деноноќно бдеат над болните, како и за свештениците
кои со пасторалната грижа и евангелската ангажираност
настојуваат на сите да им помогнат и на сите да им бидат близу.
Блажена Девица Марија, дарувај светло во умот на луѓето во науката,
за да можат да пронајдат соодветни решенија за совладување на оваа зараза.
Помогни им на одговорните во државната власт да делуваат мудро, грижливо и великодушно, како би притекнале во помош на оние кои се лишени од основните потреби за живот, и загледани во иднината и водени од духот на солидарноста, да можат да пронајдат вистински патишта за општествена и економска обнова.
Пресвета Маријо, зафати ја совеста на одговорните, големите средства кои ги вложуваат за развој и усовршување на оружјето да бидат пренаменети за развој на научни истражувања,
со кои во идинина би се спречиле слични непогоди.
Многу сакана Мајко,
дај во светот да порасне чувството за припадност на заедничкото големо семејство и свест за она што нè обединува,
за да можеме да притекнеме во помош на сите во потреба,
водени со духот на братство и солидарност во толку многу облици на сиромаштво и беда во животот.
Окрепи нè да бидеме цврсти во верата,
истрајни во служењето и постојани во молитвата.
Маријо, Утеха на тажните,
прегрни ги сите свои деца во неволја и измоли за нас од Господ,
да ја испружи својата семоќна рака
да нè ослободи од оваа ужсна пандемија,
како животот повторно би добил вердина со нормален тек
Се надеваме на тебе,
која блескаш на нашиот пат како знак на спасение и надеж,
О блага, о мила, о слатка Девице Маријо. Амин.