Настани

Епископот Стојанов го прими претставникот на Светското семејство на Радио Марија г. Галати

Објавено од Радио Марија

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во резиденцијата на Водно, во среда 13 ноември 2024 година, во посета ги прими г. Рафале Галати, одговорен во Светското семејство за Радио станиците во Европа и директорот на Радио Марија во Македонија, отец Гоце Костов.

Во пријатна и срдечна атмосфера соговорниците се осврнаа на почетоците на Радио Марија Македонија, како и за важноста на радиото за животот на Црквата и општеството. Фокусот на разговорот беше ставен на предизвиците, потребите и можностите за развојот на радиото.

Соговорниците разменија пригодни подароци. Епископот Стојанов на г. Галати му подари света Бројаница со неговиот епископски грб и монографијата „25 години епископство на монсињор Киро Стојанов“. Епископот Стојанов доби подарок ирски крст и платно со натпис Радио Марија.

На крајот монсињор Стојанов, по кратката молитва го подели својот епископски благослов.

По средбата со епископот Стојанов претставникот на Светското семејство на Радио Марија, г. Рафале Галати, оствари средба со директорот на Македонски Каритас, протојереј ставрофор д-р Зоран И. Стојанов, како и со волонтери на радиото од Скопје.

к.мк

About the author

Радио Марија

Leave a Comment