Клуб на пријатели

Back to homepage

Поради непрофитниот карактер на радиото Радио Марија – Благовест не емитува реклами и својата програма ја финансира исклучиво од помошта на своите слушатели преку донации и доброволни прилози. Сите кои сакаат да помогнат во работата на радиото може да се вклучат во нашето големо семејство Клуб на пријатели на Радио Марија.
Што е Клуб на пријатели на Радио Марија?
Клубот на пријатели на Радио Марија е заедница на сите оние кои го слушаат и сакаат да го помагаат работењето на радиото. Како знак на благодарност за помошта ќе се служи секоја прва сабота света Литургија по накана на сите членови на „Клубот на пријатели на Радио Марија“.
Кои се условите за членство во Клубот на пријатели на Радио Марија
Членови на Клубот на пријатели на Радио Марија може да станат сите оние кои го слушаат Радио Марија и кои сакаат да ја помагаат работата на радиото согласно своите можности, а со минимален месечен износ од 100 денари, односно годишен износ од 1200 денари. Членарината може да се уплаќа месечно, на пола година или годишно. Членството може да се откаже во секој момент и без никакви обврски.
Своето членство го потврдувате со уплата на сметка на непрофитната Радио дифузна установа „Радио Марија – Благовест“.
Уплатата може да се изврши преку трансакциската сметка
Непрофитна радиодифузна установа
Радио Марија Благовест – Струмица
Денарска сметка:
30003000240352
Комерцијална банка А.Д. Скопје
Цел на дознака: Клуб на пријатели на Радио Марија

Доколку сакате може и да се регистрирате во Клубот на пријатели на Радио Марија.